289
Денес напладне, претседателот, Стево Пендаровски ќе го оддржи своето традиционално годишно обраќање пред пратениците во Законодавниот дом во С.Македонија.
Ова за Пендаровски е второ обраќање, откако беше избран за претседател на земјава, но прво пред новиот парламентарен состав кој беше избран на предвремените парламентарни избори летово.
Инаку, според членот 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.