2,6K
Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ вчера се венчаа во кругот на нивните најблиски пријатели.
По веридбата на Ибица, пејачката и фудбалерот го кажаа судбоносното „да“ во манастирот Рајинац во близина на Белград.
Првата фотографија по венчавката Анастасија ја објави на својот Инстаграм профил каде сподели слика од златни венчални прстени на рацете.
По нивната венчавка се огласи и мајката на Анастасија, балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.
„Многу сум среќна, ја славиме љубовта. Што би посакала мајка за своето дете освен среќен и долг брак полн со љубов и почит“, изјави Цеца за „Курир“.