335
Првата дама на САД, Џил Бајден, изведе првоаприлска шега за новинарите и вработените во авионот на враќање од Калифорнија до Вашингтон, делејќи сладолед маскирана како стјуардеса.
На членовите на екипажот, агентите на тајните служби и новинарите, жена со темна коса и црна заштитна маска над лицето им сервираше сладолед.
Нешто подоцна во текот на летот, „стјуардесата“ повторно се појави пред новинарите, ја тргна периката и рече „априллили“.
Новинарите на летот за Вашингтон изјавија дека немале поим дека станува збор за шега и дека не ја препознале првата дама.