524
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов денеска го посети првото бебе кое се роди во неговата општина.
-Новиот жител на општина Струмица ги живее првите денови од Новата 2022 година, а мојот работен ден започна токму со посетата на новороденчето на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Струмица.На мајката Тамара Пандева од селото Банско и го честитав синчето, а на новороденчето му подарив штедна книшка со 40 илјади денари и му посакав среќно и безгижно детство, напиша на Фејсбук Костадинов.