Милиони луѓе во Индонезија, како и десетици илјади туристи, беа сведоци на целосно затемнување на Сонцето, што се гледаше добро во повеќето делови на архипелагот.
Според пресметките на индонезиските астрономи, целосното затемнување на Сонцето, кое трае повеќе од две минути, се гледа од 45 населени места, распоредени во 12 провинции. Најдоброто место за набљудување беше на островот Сулавеси.
Целосното затемнување започна во 07:16 часот по локално време (01:16 по македонско време) во североисточниот дел на Индискиот Океан, во близина на брегот на Сулавеси. Целосната фаза на овој феномен беше видлива во Индонезија, Микронезија и Маршалските Острови.