Психијатар сведочи за состојбата на масонвниот убиец Блажиќ: Не постојат психолошки пречки за неговото дело

од Илинка Илиоска
37 прегледи

Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој е обвинет за масовното убиство на девет лица и ранување на дванаесет други на 4 мај минатата година во селата Дубона и Мало Орашје. На обвинителна клупа се наоѓа и неговиот татко, Радиша Блажиќ, полковник на Војската на Србија, кој е обвинет за незаконско набавување на оружјето со кое Урош го извршил масакрот.

На денешното рочиште беа прикажани видеоснимки и фотографии, меѓу кои и видео од новогодишната ноќ на кое се гледа како Радиша Блажиќ носи каубојска капа и држи револвер во рака додека шета низ куќата. Во видеото, на кое сите присутни се смеат, Радиша се приближува до својот внук и вели: „Добриот, лошиот и злобниот.“ Радиша сведочеше дека револверот бил празен и дека не користел класична муниција, додавајќи дека оружјето било безбедно за употреба во тој контекст.

Исто така, беа презентирани пораки од група на апликацијата Вацап во која членувал Урош, а кои покажуваат конфликт непосредно пред масакрот. Пораките не беа детално прочитани во судницата, туку само прелистувани.

Судењето е под безбедносни мерки и беше преместено од Смедерево во Белград поради инцидент на почетокот на прелиминарното рочиште. Во меѓувреме, покрај куќата на Блажиќ во Мало Орашје, тројца мажи се обиделе да ја запалат тревата, но немало штета и никој не е уапсен.

Одбраната на Блажиќ тврдеше дека неговото агресивно однесување било предизвикано од суплементи со високо ниво на тестостерон. Сепак, психијатриската експертка, д-р Марија Паниќ, сведочеше дека не постоеле психолошки пречки кај осомничениот кои би го објасниле кривичното дело. Вишото јавно обвинителство во Смедерево предложи максимална казна затвор од 20 години за Урош Блажиќ и неговиот татко, имајќи предвид дека во моментот на извршување на делото Урош немал 21 година и не може да биде осуден на доживотен затвор.

Слични содржини