Чудната појава на Пеп Гвардиола на прес-конференцијата по натпреварот против Феенорд (3:0) во Лигата на шампионите отвори прашања за неговата емотивна состојба. Тогаш шпанскиот менаџер на Манчестер Сити се појави со крвава рана на носот. На прашањето што се случило, тој со насмевка одговорил дека се повредил со нокт, прецизирајќи дека тоа сакал да го направи.
Се претпоставува дека сето тоа е резултат на големата тензија поради петте последователни порази на тимот, како и поради пропуштениот успех против Феенорд откако „граѓаните“ поведоа со 3:0.
ЕФЕ побара мислење од специјалист во лицето на Енрике Арменгу, кој е професор по психијатрија на Универзитетот „Абат Олиба ЦЕУ“ во Барселона.
Еве што имаше тој да каже за Гвардиола:
„Мораме јасно да одвоиме два аспекта: дали во овој случај зборуваме за нешто што се случило еднаш, или за нешто што се повторува. Во изолиран случај, едно лице може да се самоповреди. Пример за тоа е грицкањето нокти, кога човек во еден момент чувствува болка и застанува. Според мене, нема зошто да се грижте за Пеп. Сите индикации говорат дека ова бил изолиран инцидент кој е резултат на зголеменото ниво на вознемиреност и напнатост за време на натпреварот.
Го гледаме однесувањето на личноста која е „на работ“ и не може да ја контролира својата фрустрација, но предизвиканата болка го спречува да продолжи да се самоповредува. Во слични ситуации, другите тренери реагираат со клоцање на шишињата со вода или фрлање на нивните папки. Мислам дека не треба да придаваме толкаво значење на она што се случи бидејќи тоа беше резултат на моментален гнев и нема индикации дека тоа е нешто што постојано се случува.
Гвардиола е личност која едноставно поемотивно ги доживува натпреварите. Нема докази дека тој некогаш го изгубил умот. Во денешно време веќе имаме пациенти тинејџери кои својата фрустрација и вознемиреност ја регулираат со самоповредување. Проблемот е што тие исто така се повредуваат себеси на места што другите луѓе не ги гледаат. Проблем е и тоа што сето тоа во еден момент доведува до сериозни психолошки проблеми“.