Како што растат девојките, така и момчињата, прават голем број на грешки кои ги уништуваат не само сексуалните односи и понатамошниот нивен живот, но можат да ја уништат и двојката.romantic-love-couples-images-2

Првото нешто што не треба да се прави, тоа е секс со претходен партнер или партнерка, сметаат руски психолози, цитирани од сексњуз.ру. Ова може да разбуди нови чувства, но и стари искуства кои можеби сте сакале да ги заборавите. И ако вашиот актуелен партнер дознае за тоа, тогаш најверојатно сексот со поранешниот (поранешната) ќе ве чини денешната врска.

Според психолозите вреди да се избегнува расправата на бројот на сексуалните партнери кои сте ги имале. Искрен разговор за вашето искуство во кревет едвај ќе биде прифатено со задоволство од партнерот и е можно во иднина информациите што неблагоразумно сте ги изнеле, да бидат употребени за да бидете засегнат (а) или дури обвинет (а).

Интимните фотографии се исклучително личен однос за секој, но не треба да се заборави дека во случај на разделба тие може да станат алатка за одмазда или едноставно да го продолжат животот во социјалните мрежи. Не секој би се чувствувал добро во оваа ситуација.

Не вреди да се шегувате по повод големината на пенисот на вашиот партнер. За мажите ова прашање е секогаш прашање “на живот и смрт”. Емоционален удар во оваа насока може да доведе до несакана реакција и да се дојде до тешки последици.

Слични содржини