ПСВ Ајндховен ја одби понудата за крилниот напаѓач Коди Гакпо, кој во последните недели беше поврзуван со Манчестер Јунајтед.
Сепак, понудата не дојде од „црвените ѓаволи“, туку од Саутемптон.
Според Sky Sports, „светците“ понудиле 21 милиони фунти, додека холандскиот клуб бара околу 25 милиони фунти. По секоја веројатност Саутемптон ќе се врати со повисока понуда.
Според сите сметки, Манчестер Јунајтед веќе го повлече интересот за Гакпо откако веќе се договори со Ајакс за Ентони.
Бразилецот денеска може да биде претставен како нов играч на 20-кратниот шампион на Англија. Медиумите на Островот во еден момент тврдеа дека „црвените ѓаволи“ работеле на двата трансфери и не се зависни еден од друг, но очигледно не е така.
Сепак, се уште има шанси Гакпо да заигра во Премиер лигата.