ПСЖ се договори со напаѓач на Реимс

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Напаѓачот на Ремс, Хуго Екитике, начелно се согласил да премине во Пари Сен Жермен.

Според новинарот Адриен Грание, 20-годишниот фудбалер веќе се договорил со парижаните за трансферот.

Тој беше многу посакуван од англискиот Њукасл, а тимот од Островот понуди 36 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра како бонуси за неговите услуги, но тој одби таков трансфер.

Причината е неговата желба да игра во Пари Сен Жермен.

Младинскиот репрезентативец на Франција минатата сезона постигна 11 гола и даде четири асистенции на 27 натпревари во сите натпреварувања. Тој е оценет како еден од најталентираните напаѓачи на негова возраст во Европа.