Пудинг од леб, евтин, а превкусен десерт

од Elena Daskalova
372 прегледи

Се работи за популарен англиски десерт, кој традиционално го подготвувале сиромашните семејства во 13 век.

Всушност, пудингот од леб е десерт со кој можете да експериментирате и да додавате додатоци според вашиот вкус.

Ова е основниот рецепт:

10 парчиња леб исечен на коцки (може и искинат на нееднакви парчиња)
Суво грозје
Едно јаболко исечено на коцки

Фил (прелив):

4 јајца
100 гр шеќер
Малку ванилин шеќер
Цимет
Стопен путер
3 шолји млеко
2 лажици рум

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 150 степени. Премачкајте тава со путер и ставете ја во друга, поголема тава, која има доволно простор да се дополни со вода.

Во помалиот сад за печење ставете го лебот и овошјето. Со миксер изматете ги состојките за фил. Прелијте врз лебот.

Ставете ги двете тави во рерна и внимателно налијте вода во поголемата. Печете еден час на 150 степени. Готовиот пудинг послужете го со шеќер во прав, шлаг, сладолед или џем.

Слични содржини