Пукале со пиштол на веселба во Кичевско, раниле 16-годишно момче

од Milan1
20 прегледи

„На 22.07.2025 во 02:30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.

При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави“, информираат од МВР.

Слични содржини