Пукање на аеродромот во Далас: Полицијата застрела и уапси жена

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата застрела и уапси жена која наводно испукала неколку истрели од пиштол во воздух на аеродромот Далас Лав Филд, Тексас, јавува Си-Ен-Ен.

Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време, кога 37-годишна жена пристигнала на аеродромот и влегла во близина на шалтерите за билети, соопшти полицијата во Далас, пренесува Си-Ен-Ен.

Жената влегла во бањата и излегла облечена во дуксер со качулка, а потоа извадила огнено оружје и почнала да пука во таванот, изјави началникот на полицијата Еди Гарсија.

Полицаецот кој бил на терен ја застрелал во нозете, по што била приведена и се наоѓа во болница, а никој друг не е повреден, јавуваат информации на Си-Ен-Ен од полицијата.

Инцидентот предизвика хаос на аеродромот бидејќи луѓето почнаа да бегаат.

„Видов огромен број луѓе како трчаат од правец на безбедносниот контролен пункт и луѓе кои викаа „пукаат““, изјави за Си-Ен-Ен Мајкл Ловинсон, еден од патниците што случајно се нашол на аеродромот.

Ловинсон сними видео на кое се гледа како неколку луѓе седат на земја помеѓу зградата на аеродромот и пистата. Снимката на Си-Ен-Ен покажува голем број полициски и возила за итна помош на влезот на аеродромот.

Слични содржини