249
Една полицајка загина, а нејзиниот колега е ранет и се наоѓа во критична состојба по пукањето во Чикаго.
Пукањето се случило во округот Вест Енглвуд, кога полицајци се судриле со тројца осомничени и успеале да ранат еден од нив.
Еден од осомничените бил хоспитализиран, другиот подоцна уапсен, а во тек е потрага по една осомничена жена. Портпаролот на полицијата Том Ахерн потврди дека пиштол е запленет на местото на инцидентот.
Полицијата подоцна се собра да му оддаде почит на убиениот колега. Градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут изрази жалење за убиството на полицајката.