Пукање во Њу Орлеанс: Осум ранети, една жена погодена во лице

од Берта Китинска

Осум лица се повредени во пукањето во Њу Орлеанс во Соединетите Американски Држави (САД), меѓу кои и една жена која била погодена во лицето, соопшти полицијата.

Полицијата во Њу Орлеанс објави дека пукањето се случило нешто по полноќ на патот во близина на меѓудржавната 10, објави АП, според Танјуг.

Брзата помош префрлила во болница жена која било застрелано во лицето и која е во критична состојба.

Портпаролот на полицијата во Њу Орлеанс, Арон Луни, за WWL-TV изјави дека другите седум повредени се во стабилна состојба.

Слични содржини