279
Вооружен напаѓач влегол во трговски центар во регионот Лонг Ајленд во Њујорк и убил едно и ранил две лица.
Во полициското соопштение се вели дека напаѓачот побегнал од местото на нападот, а влезот и излезот од училиштата во областа биле забранети како дел од безбедносните мерки.
Полицијата соопшти дека во нападот загинал 49-годишен маж, додека двете ранети лица биле пренесени во најблиската болница.
Тие исто така рекоа дека мотивот за нападот сè уште не е познат и дека се трага по осомничениот, 30-годишниот Габриел ДеВит Вилсон.
За напаѓачот се верува дека носел пиштол. Полицијата ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови додека напаѓачот не биде фатен.