Пукање во полн ноќен клуб во Хјустон: Напаѓачот убиен од заменик-шерифот

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Напаѓач отворил оган во полн ноќен клуб во Хјустон во понеделникот рано наутро, пред да биде убиен од заменик-шерифот кој не бил на должност.

Тој работел како обезбедување во клубот.

Напаѓачот започнал да пука во клубот „Кле“ во понеделникот во 01.21 часот, по што бил застрелан од заменик-шерифот на округот Харис, изјави началникот на полицијата Трој Финер.

Во пукањето било убиено уште едно лице, а две се ранети, од кои едното е во критична состојба, пренесе „Дејли меил“.

Полицијата во Хјустон во понеделникот вечерта потврди дека заменикот го убил напаѓачот, но не е јасно кој ги погодил преостанатите три лица – сигурно е дека тоа не бил заменикот, соопшти полицијата.

Двете лица кои биле повредени биле пренесени во болница, едното е критично откако неколку пати било погодено, а другото било пуштено на домашно лекување откако била санирана раната на ногата.

Слични содржини