799
Синоќа дошло до пукање во скопски Сарај.
-Ф.Ф.(33) од с.Грчец, скопско пријавил дека во близина на бензинската пумпа во село Сарај, по претходно случена сообраќајна несреќа помеѓу Ш.С. сопственик на патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки и Ф.И. сопственик на патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, поминале две лица со мотоцикл при што испукале еден куршум во воздух и се упатиле кон село Сарај, велат од МВР.
Според пријавеното како можен сторител е посочен З.Ш. од село Крушопек. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.