245
Две лица се ранети во трговски центар во шведскиот град Малме, а на местото на несреќата излегле неколку полициски патроли.
„Од трговскиот центар излегоа расплакани луѓе и рекоа дека слушнале истрели“, рекол еден од очевидците, објави весникот од Малме „Сидсвенскан“.
Портпаролот на полицијата потврди дека имало пукање и дека во трговскиот центар има голем број вооружени полицајци.