Две лица биле повредени кога непознат напаѓач отворил оган кон гостите во градината на мексикански ресторан во областа Логан во Вашингтон, на нешто повеќе од еден километар од Белата куќа.
Очевидци изјавија дека биле испукани повеќе од 20 истрели и дека напаѓачот побегнал со автомобил, пренесува Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека две лица биле ранети и тие се убедени дека едното од нив било цел на нападот.
Би-Би-Си наведува дека инцидентот во непосредна близина на Белата куќа е невообичаен, бидејќи повеќето од вооружените инциденти се поврзани со посиромашните делови на Вашингтон.