21
Најмалку шест лица се хоспитализирани во четвртокот, од кои едно е во критична состојба, по пукањето на Државниот универзитет во Флорида, а полицијата приведе еден осомничен, објавија американските медиуми. Пукањето се случило околу пладне во зградата на Студентскиот сојуз на универзитетскиот кампус во главниот град на Флорида, Талахаси. На студентите и професорите им е препорачано да се евакуираат. На главниот кампус на универзитетот посетуваат настава повеќе од 42.000 студенти. Блиската болница, Tallahassee Memorial HealthCare, соопшти дека примила шест пациенти, еден во критична состојба, а другите во тешка состојба.
Осомничениот за нападот е приведен веднаш по пукањето, изјавија два полициски извори за „Си-Ен-Ен“.