224
Едно лице е убиено, а две се ранети во престрелка во просториите на бродска компанија во атинската населба Глифада, јави грчката телевизија ЕРТ.
Според првичните информации, сторителот е наводно 70-годишен старец, поранешен вработен во фирмата. ЕРТ наведува дека напаѓачот се уште е во зградата и дека во тек е акција за апсење.
Дел од вработените успеале да побегнат, но засега не се знае дали има работници кои не успеале да ја напуштат компанијата.
На местото на нападот се испратени најмалку три возила на брза помош.