Шест лица се ранети во вооружен конфликт во францускиот град Гренобл, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на судски извор.
Според француските медиуми, полицијата интервенирала во вторникот околу еден часот по полноќ, во квартот Вилнев, а никој од повредените не е во животна опасност.
Полицијата била повикана од граѓани кои пријавиле дека слушнале истрели пред галерија.