Пукање во центарот на Лондон, ранети три жени и девојче

од Nikola Popovski
139 прегледи

Четири лица, меѓу кои и седумгодишно девојче, се повредени во престрелка во Северен Лондон, соопшти полицијата.

Како што наведоа, по инцидентот во болница биле пренесени три жени на возраст од 48, 54 и 41 година.

Детективите навеле дека инцидентот се случил во близина на црква каде што се одржувал погреб, пренесува Гардијан. Полицијата соопшти дека верува дека истрелите биле испукани од возило во движење.

Официјални потврди нема, но засега медиумите јавуваат дека повредите не се опасни по живот.

Седумгодишното девојче било пренесено во болница во централна Лондон. На местото на инцидентот се уште има полиција, но се уште не се знае кој пукал во луѓето.

Слични содржини