Иако својата врска ја сокриваа од очите на јавноста, српските медиуми пишуваат како манекенката Софија Милошевиќ (28) и фудбалерот Лука Јовиќ (21) раскинале. Парот својата романса ја започна ова лето, а покрај тоа што Софија неодамна изјавила дека се лудо заљубени, се чини дека на врската ѝ дошол крајот.
https://www.instagram.com/p/B5awGUwFG9w/
Младата надеж на Реал Мадрид неодамна, за медиумите, потврди дека повеќе не е во врска со српската манекенка, но деталите за раскинувањето не сакал да ги открие.
– Се снаоѓам по дома, сам сум веќе подолго време. Девојка немам, тука ми е семејството и пријателите во Шпанија – изјавил Лука и додал дека наодамна го посетиле родителите.
– Сестра ми беше тука минатата недела, а мајка ми и татко ми дојдоа кога дојдов и јас, немаат толку време за да бидат овдем работат, а сестра ми студира… Беше тука и поранешната девојка Анџела со која имам коректен однос поради синот Давид – додал фудбалерот.
https://www.instagram.com/p/B4UoHveFSKS/
Многу обожаватели ѝ замериле на софија што се „сплеткала“ со Лука, а се шушкало дека таа е виновна за распадот на врската меѓу Јовиќ и поранешната девојка Анџела Маниташевиќ со која фудбалерот доби син во февруари оваа година.
– Ме обвинија дека сум му го растурила бракот, иако тој никогаш не бил оженет. Потоа тука беше приказната дека сум му го растурила животот со девојката со која има дете, а работите стојат така што тој ја прекинал љубовната врска со таа девојка пред три години. Тогаш на ред дојдоа скапите подароци кои наводно сум ги добила од него. Вистината е дека ние сме во врска и сакаме, колку е можно, да ја сочуваме нашата приватност. Среќни сме, што е најважно кога си со некој заедно – изјавила во една прилика Софија и додала дека тие се запознале спонтано, а по неколку недели започнале врска.