Пулицеровата награда за тинејџерка која го сними убиството на Џорџ Флојд

од Nikola Popovski
303 прегледи

Денес беше доделена специјалната награда Пулицер на тинејџерката чие видео од смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд започна глобално движење против расна неправда и полициска бруталност.

Жирито за наградата Пулицер, најпрестижната американска награда за новинарство, ја додели 18-годишната Дарнела Фрејзер за „храбро снимање на убиството на Флојд“, во видеото што предизвика протести против полициската бруталност ширум светот, укажувајќи на клучната улога на граѓаните во потрага по вистината и правдата “.

Фрејзер имала 17 години кога ја снимила смртта на Флојд во мај 2020 година, кога тој бил уапсен од полицијата во Минеаполис.

Весникот „Стар Трибјун“ во Минеаполис ја доби Пулицеровата награда за ударни вести за известување за убиството на Џорџ Флојд на 25 мај 2020 година и граѓанските немири што следеа во градот.

Флојд, Афроамериканец, почина откако белиот полицаец Дерек Шовин го држеше за вратот на земја девет минути и 29 секунди. Акцијата предизвика бран протести, најпрво во Минеаполис, а потоа и низ САД.

Репортерите на „Стар трибјун“ покрија изливи на бес во Минеаполис каде демонстрантите запалија згради, вклучително и полициска станица. Одборот на Пулицер го нарече известувањето „итно, авторитативно и нијансирано“. Полицаецот Шовин подоцна беше осуден за убиство.

Слични содржини