Пушилин: Невозможни се мировни преговори со Украина по најинтензивниот напад на Доњецк

од Nikola Popovski
186 прегледи

Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин синоќа изјави дека понатамошните мировни преговори со Украина се невозможни по најинтензивниот напад на Доњецк од 2014 година, што вчера го извеле украинските сили.

„Ако зборуваме сериозно, тогаш не може да се зборува за договори со Киев. Прво, Киев не е независен. Тоа го дознавме за време на преговорите во Минск. Второ, исто така, се чини дека не е можно да се смета на гарантите на договорот, кои и да се тие. Ја видовме неодамнешната изјава на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел. Нивото на доверба во европските земји е блиску до нула“, рекол Пушилин во интервју за руската телевизија, а пренесува агенцијата ТАС С.

Како што истакнал, ДНР не гледа објективни предуслови да разговара за преговорите со САД.

„Вашингтон е задоволен од овој конфликт и постепеното губење на европскиот економски потенцијал, кој постепено престанува да биде конкурент на САД дури и во теорија. Значи, немаме со кого да преговараме, само треба да победиме на бојното поле. Нема друг начин да се запре овој конфликт, ова гранатирање, воените злосторства на режимот во Киев и неговите соучесници – западните земји“, посочил Пушилин.

Тој нагласил дека доколку во периодот 2014-2015 година била гранатирана само периферијата на Доњецк, денес цела територија на градот е цел на масовни напади.

Тој повторил дека артилериските напади ќе престанат дури откако Доњецк ќе стане недостапен за украинската артилерија.

„Не можеме да сметаме на ништо друго. Тие се чисти воени злосторници, кои секако ќе ги гранатираат и штетат цивилите ако можат. Така, само напорите на нашите момци, кои со оружје во рацете ја ослободуваат нашата земја, можат да помогнат да се запре гранатирањето на Доњецк“, кажал Пушилин.

Слични содржини