Пушилин: Повеќе од половина од украинските борци го напуштија Азовстал

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Повеќе од половина од украинските војници досега ја напуштиле фабриката за челик Азовстал, изјави денеска лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.

„Сè уште не заминале сите. Повеќе од половина веќе заминале, повеќе од половина веќе го оставиле оружјето и си заминале со бело знаме“, рече Пушилин во емисијата „Соловјов во живо“, зборувајќи за ситуацијата околу Азовстал, пренесува РИА Новости.

Како што соопшти руското Министерство за одбрана во средата наутро, од вторникот од Азовстал се предале 694 војници и членови на баталјонот Азов, меѓу кои и 29 ранети.

Слични содржини