Пуштен часовник во чест на Дарт Вејдер

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Калифорниската компанија Devon пушти лимитирана серија часовници за обожавателите на “Војна на ѕвездите”. Моделот се нуди само во црна боја, дизајнот на куќиштето е со лого на Галактичката империја и малку наликува цртите на шлемот на Дарт Вејдер.tumblr_nu5zvey7Ka1rtntcpo1_1280

“Веднаш разбравме дека треба да вклучиме елементи од ликот на Дарт Вејдер во дизајнот”, прецизира основачот на компанијата Скот Девон. Како и сите останати часовници на овој бренд, новиот модел нема стрелки за известување на времето. Тие се заменети со четири подвижни ленти со нанесени бројки, што ги мерат часовите, минутите и секундите.5e400cac1d42159dbec75090749fd41a

Часовникот кој нема ништо заедничко со класичните дизајни, претставува 4 моторен MicroStep кој работи благодарение на внатрешен мотор. Тој има потреба од надополнување еднаш на две недели. Моделот е произведен вкупно во 500 примероци и чини 28 500 долари. Како бонус се нуди специјално создадено за часовникот пакување, кое ги  повторува цртите на ловецот TIE Fighter. star-wars-by-devon-watch-4