Осомничениот за двојното убиство во „Шиша бар“ во Скопската чаршија, е ослободен од притвор во замена за полесна мерка на претпазливост, дознава ,,Локално’’.
Осомничениот беше во притвор од јуни, а од Обвинителството посочуваат дека тој е осомничен за помагање при сторување на кривично дело, па затоа и не е неопходно обезбедување на присуство.
На 6 март годинава на самото место беа убиени Јетон Кривањева – Жила и Енес Исени. Истрагата се уште трае, а лицето кое го купило автомобилот „Ауди“ е се уште во притвор.