Пуштена во употреба модуларната ковид болница во Кочани

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Модуларната ковид болница во Кочани, прва во источниот регион, денеска е пуштена во употреба. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата по што изјави дека веќе од понеделник таа ќе може да ги прими првите пациенти.

Објектот, кој е сместен во кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани, има капацитет од 35 болнички кревети, од кои пет за
интензивна нега на тешко болни, а располага и со неопходната опрема за дијагностицирање.

„Модуларната болница во кругот на Општа болница со проширена дејност – Кочани е подготвена за прием на пациенти. Проширувањето на капацитетите во Кочани за лекување на болни од Ковид-19 е завршено во предвидениот рок. Општина Кочани ги обезбеди потребните технички услови, платформа со приклучоци за вода и канализација. При денешната посета на министерот за здравство Венко Филипче ја слушнавме подготвеноста на овој ресор за дополнување на возниот парк на Општа болница и за нови вработувања на стручен и технички кадар“, сподели градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Слични содржини