Железници Транспорт АД Скопје денеска ја пушти во сообраќај првата од вкупно четири нови електролокомотиви. Претходно беше извршена контрла пред ипорака кај производителот, кинеската ЦРРС.
Вредноста на една електролокомотива изнесува 2,13 милиони евра, обебзедени од кредит од Европската банка за обнова и равзој.
„Локомотивата ги помина сите етстови и добиен е ТСИ сертификат од страна на производителот, како и дозвола за пуштање во сообраќај од страна на Управата за сигурност во железничкиот сообраќај. Од стран на Железници на РСМ Транспорт направени се тестирања според тендерските барања напругите низ држвава, со што се утврди дека тестирањата го задоволија тендерското барање да повлече 1.600 тони на 17 промили“, стои во соопштението Железници на РСМ Транспорт.