Пуштени во оптек фалсификувани евра во 3 спортски обложувалници во Струга

од Берта Китинска
252 прегледи

На 24.09.2021 во Полициската станица Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра.

Според пријавеното, во трите обложувалници во периодот од 21.00 до 21.30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра.

Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Слични содржини