„Пушти ги да поминат први“: Вилијам сепак му попушти на Хари

од Stefanija Kuzmanovska

На последното испраќање на кралицата Елизабета, многу очи беа вперени во принцовите Вилијам и Хари, како и кон нивните сопруги.

Стручен читач на усните откри што му рекол принцот Хари на принцот Вилијам додека браќата седнале на своите места на погребот на кралицата. Џеки Прес, експерт за читање усни, ги забележал двајцата браќа во разговор околу 16.20 часот додека се подготвувале за служба во капелата Свети Џорџ во Виндзор.

Изгледа дека престолонаследникот ги пуштил принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл први да влезат во клупата. Додека принцот Вилијам стоеше на влезот на предната клупа, принцот Хари го прашал: „Дали да поминеме први?“.

Вилијам кимна со главата, пред да ѝ каже на својата сопруга, принцезата од Велс: „Пушти ги да поминат први“. Кејт рече „Во ред“ додека Хари и Меган поминуваа покрај неа, принцот Џорџ и принцезата Шарлот и седнаа. На крајот на службата, кралското семејство стоеше додека кралицата полека беше спуштена во кралскиот трезор.

Чарлс изгледаше длабоко трогнат додека ковчегот беше спуштен и се појави со солзи во неколку наврати додека се збогуваше со својата мајка.

Слични содржини