ПУТЕРОТ Е СИМБОЛ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Германците трошат се повеќе пари за храна

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Инфлацијата во Германија повторно забрза во ноември, објави државниот завод за статистика. Според прелиминарните податоци, месечната стапка на раст на потрошувачките цени повторно го надмина прагот од два отсто за прв пат од јули, пренесе ДПА.

Цените пораснале за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, објави Дестатис.

Економистите предвидуваат оживување на инфлацијата, но нагласуваат дека растот на цените нема да биде сличен на оној што го предизвика руската инвазија на Украина на почетокот на 2022 година.

Во тоа време, инфлацијата беше поттикната – во Германија со девет проценти во еден момент – од драматичното зголемување на цените на енергијата. Инаку, стапката на инфлација на годишна основа во септември падна на 1,6 отсто, што е најниска од февруари 2021 година.

Германците платиле 1,8 отсто повеќе за храна во ноември отколку 12 месеци порано. Во просек, трендот на поскапувања е забавен во однос на претходниот период, но цената на одредени артикли драстично порасна. На пример, путерот беше 40 отсто поскап отколку во ноември 2023 година.

За четири отсто значително поскапеа услугите, исто како и минатиот месец.

Во исто време, енергетските производи се во просек поевтини за 3,7 отсто од претходната година. Во октомври падот на цените изнесуваше дури 5,5 отсто, па ефектот од стабилизирањето на цените на енергенсите врз инфлацијата во ноември беше нешто послаб.

Базичната инфлација во Германија, односно без нестабилни цени на енергијата и храната, во ноември изнесуваше три проценти. Многу економисти веруваат дека базичната инфлација е подобар показател за трендовите бидејќи е помалку подложна на ненадејни осцилации.

Слични содржини