Путин ќе дојде на самитот на Г-20 доколку ситуацијата дозволи

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ќе присуствува на претстојниот самит на лидерите на Г-20 на Бали, доколку „ситуацијата дозволи“, соопшти денеска претседателот на Индонезија, Джоко Видодо.

Видодо, кој претседава со овогодинешниот самит на Г20, рече дека Путин не ја исклучил можноста да присуствува на самитот на Бали за време на телефонскиот разговор минатата недела.

На состаноците на Бали се очекува да се почувствуваат тензии поради војната во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

Слични содржини