Русија е „подготвена да помогне во решавањето на меѓународната криза со храна“, но само доколку Западот ги укине санкциите, изјави рускиот претседател Владимир Путин на италијанскиот премиер Марио Драги.
Тој рече дека е подготвен да даде значителен придонес во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите, пишува „Sky News“.
Путин рече дека Русија е подготвена да извезува жито и ѓубрива за да се справи со кризата. Тој, исто така, му рекол на италијанскиот премиер дека Русија е подготвена да продолжи со непречено снабдување со гас за Италија.