Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

од Nikola Popovski
273 прегледи

Белорусија стана нуклеарна сила откако во земјата беше изградена белоруската нуклеарна централа со учество на Русија, што е сериозен чекор напред во економскиот и технолошкиот развој, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи на седницата на Врховната државен совет на сојузните држави.

Во своето обраќање Путин потсетил дека со учество на Русија во Белорусија, изградбата на вториот блок на нуклеарната централа „БелАЕС“ е завршена во 2023 година.

„Ова е, се разбира, многу сериозен потег, имајќи предвид дека не само што се гради станица, туку се создава и индустрија. И во таа смисла, се разбира, Белорусија стана нуклеарна сила и ова е сериозен чекор напред во развојот на економијата и научните области и во технолошкиот развој“, рекол Путин.

Тој додал дека под надворешен притисок Русија и Белорусија си помагаат и имаат заеднички пристапи кон глобалните и регионалните проблеми, пренесува „Спутник“.

„Важно е Русија и Белорусија, во услови на невиден надворешен притисок, тесно да соработуваат на светската сцена и секогаш да си обезбедуваат една на друга вистинска сојузничка меѓусебна поддршка. Пристапите на нашите земји кон актуелните глобални и регионални проблеми се совпаѓаат или се блиски на многу начини“, кажал Путин.

Слични содржини