Путин: Да ја продолжиме одличната борба против тероризмот

220 прегледи

Руските надлежни служби, треба да продолжат со одличната борба против тероризмот, која овозможува да се намали значително бројот на таквите дела, изјави рускиот претседател, Владимир Путин во текот на посетата на седиштето на Надворешно известувачката служба.

Според зборовите на Путин, бројот на дела врзани за тероризмот значително се намалил во последните години во Русија, а за 11 месеци од оваа година, регистрирани се само две такви кривични дела во споредба со 36. во 2015. година.

„Зад оваа статистика стои секојдневната огромна, опасна и напорна работа. Припадниците на федералната служба за безбедност и другите институции се под покровителство на Националниот антитерористички одбро и треба да продолжат да делуваат еднакво одлично и доследно“, истакна тој.

Путин ја спореди моменталната ситуација не само од средината на 90. и 2000. години, туку и со 2010. година, кога во Русија беа забележани 779 дела врзани за тероризмот.

Тој посочи дека рускиот народ мора да го победи меѓународниот тероризам.

„Да се сетиме на сите кои загинаа бранејќи ја Русија од овој опасен непријател, со кој нашата земја се соочи во најпредизвикувачкиот период од својата историја“, заклучи Путин.

Слични содржини