Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов указ, со кој на поединците и на малите и средни бизниси во земјата им се дава можност да бараат „кредитен одмор“ од своите банки. Тој ќе важи за сите заеми, вклучително и хипотеките, склучени пред 1 март 2022 година, пишува Ројтерс.
Финансиските експерти го идентификуваа овој потег како одговор на западните санкции.
Целта е одобрение да добијат граѓаните и фирмите чии приходи се намалени за повеќе од 30 проценти. Таквите доверители може да го одложат плаќањето на заемот за помалку од шест месеци или да го намалат нивниот износ.
Потегот е дел од поширокиот опсег на социо-економски мерки, со кои Владимир Путин и руската влада се обидуваат да се справат со тешките економски санкции, наметнати на Руската федерација.
Со контрамерките, претседателот ѝ дозволува на Владата да ја определи висината на социјалните придонеси за пензии над утврденото со закон ниво, како и одлуката социјалните пензии дополнително да се индексираат.
Преку новите мерки се овозможува на руската влада да ги продолжи условите за плаќање на премиите за осигурување и да воведе дополнителни основи за предлогот. Новите правила дозволуваат и мораториум на планираните проверки на малите и средни бизниси, како и на ИТ инспекциите до крајот на 2024 година.
Руските власти имаат значителен износ на финансиски резерви.
И покрај нивната делумна блокада од западните земји, веројатноста Русија да не може да го врати својот јавен долг во моментов е исклучително мала, велат руските макроекономисти.
Според последните податоци за географската локација на златните и девизните резерви на Русија, вкупно 48,6 отсто од нив се наоѓаат во Франција, Јапонија, Германија, САД, Велика Британија, Австрија и Канада.