Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика руските милијардери да инвестираат во нови технологии, производствени капацитети и бизниси за да ѝ помогнат на Русија да ги одврати обидите на Западот да ја уништи руската економија.
Обраќајќи ѝ се на деловната елита за првпат од почетокот на инвазијата на Украина, Путин рече дека нивната улога не е само да заработат пари, туку и да придонесуваат за општеството.
„Компаниите не треба да го кријат своето богатство во странство, туку да инвестираат повеќе дома“, рече Путин.
Тој ја пофали „благородната мисија“ на претприемачите кои се грижат за своите работници и го насочуваат нивниот талент не само кон остварување профит, туку и за јавното добро.
Меѓу милијардерите, меѓу останатите, беа и Олег Дерипаска, Владимир Потанин, Алексеј Мордашов, Герман Кан, Виктор Векселберг, Виктор Рашников, Андреј Мелниченко и Дмитриј Мазепин. Нивните бизниси се движат од банкарство до вештачки ѓубрива.
Поздравен со аплауз, Путин им пренесе јасна порака на најбогатите луѓе во Русија, дека мора повеќе да размислуваат за потребите на земјата, а помалку за себе.