124
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Западот мора да се однесува со почит кон Русија.
Путин ова го изјави на средбата со својот белоруски колега Александар Лукашенко, коментирајќи ги зборовите на Лукашенко дека Минск нема да разговара со Западот без почит, пренесува РИА Новости.
„Кој сака да живее во мир со нас и да не почитува, ние сме отворени за тоа. Но никој нема да трпи понижување“, рече Лукашенко.
Претседателот на Белорусија е во работна посета на Русија.