Путин доби нов „подарок“ од Северна Кореја

од Nikola Popovski
103 прегледи

Јужнокорејската војска соопшти дека се чини дека Пјонгјанг испратил уште 3.000 војници за поддршка на Русија во нејзината војна против Украина, објави новинската агенција „Јонхап“.

„Од околу 11.000 севернокорејски војници испратени во Русија, 4.000 се убиени, а се чини дека приближно 3.000 или повеќе дополнителни војници биле испратени во јануари и февруари“, агенцијата го цитираше Здружениот генералштаб (JCS) во Сеул.

Кон крајот на февруари, јужнокорејското разузнавање соопшти дека верува оти Пјонгјанг испратил втор бран војници на фронтот во руската област Курск, додавајќи дека не го знае точниот обем на распоредувањето. „Јонхап“ објави дека „JCS“ во Сеул соопштил како севернокорејската војска веќе претрпела околу 4.000 жртви во војната во Украина. Сепак, не е јасно дали во оваа бројка покрај загинатите има и ранети војници.

Покрај испраќањето војници, Северна Кореја продолжува да и испорачува на Русија муниција и оружје во големи количини, вклучувајќи ракети со краток дострел, самоодни хаубици и ракетни фрлачи, тврди јужнокорејската војска.

Слични содржини