Путин допатува во Туркменистан со две сабји (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
166 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на самитот на Касписките држави во Ашхабад, Туркменистан.

На поранешниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, му донел две сабји како подарок.

Претседателот на Русија го нарече самитот на Касписките држави важен за целиот регион, нагласувајќи дека ова е практично прва лична средба од ваков вид по пандемијата.

„Самитот на Касписките држави е многу важен настан за нашите земји, за целиот регион. Сигурен сум дека ќе биде корисен“, рече рускиот лидер.

На Каспискиот самит учествуваат претседателите на Русија, Иран, Азербејџан, Казахстан и Туркменистан.