„Путин е крадец“: Бесни демонстранти на улиците низ Русија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
167 прегледи

Демонстрациите за поддршка на приведениот руски опозициски лидер Алексеј Навални започнаа рано утрово на крајниот исток на Русија. И покрај полицијата која досега уапси над 400 лица, приврзаниците на Навални не се предаваат и им пркосат на властите и на Владимир Путин.

Приврзаниците на Навални најавија протести низ целата земја во најмалку 120 градови.

Снимката, која се шири на социјалните мрежи, прикажува стотици луѓе кои се собираат во бројни градови, извикувајќи „Путин е крадец“.

На социјалните мрежи се појавија снимки со вознемирувачка содржина, на кои се гледа како припадници на полицијата тепаат и приведуваат демонстранти во 120 градови во Русија.

Да потсетиме, Навални беше приведен на 17 јануари, само неколку моменти откако слета во Москва од Берлин, по неколкумесечно лекување во Германија, кога во август 2020 година беше отруен со нервниот агенс Новичок.

Навални во моментов е во притвор пред судското рочиште што го чека на 2 февруари, на кое судот ќе одлучи дали неговата условна казна за обвиненија за измама во случајот проневера во 2014 година, треба да се промени во затвор.

Слични содржини