Московската полиција уапси неколку, претежно помлади учесници на нелегални протести во центарот на руската престолнина.
По одлуката на руското правосудство за промена на условната казна за лидерот на опозицијата Алексеј Навални во затворска казна, неговите симпатизери беа повикани да протестираат на плоштадот Манежнаја преку социјалните мрежи, пренесува ТАСС
Демонстрантите се собраа на различни локации во Москва, барајќи ослободување на Навални, пишува „Москва тајмс“.
Тие скандираа „Русија без Путин“ и „Путин е лопов“.
Забележано е зголемено полициско присуство и безбедносни мерки и во други делови на руската престолнина со цел да се спречи ширењето на демонстрациите.
Претходно, невладината организација што ги следи протестите ОВД инфо, објави дека најмалку 354 лица се уапсени и изведени пред судот.
Выходящие из Камергерского переулка на Большую Дмитровку сотни молодых людей скандируют: «Россия без Путина!»
Видео: @OpenMedia_io pic.twitter.com/lLmuSTHVrt
— Открытые медиа (@OpenMedia_io) February 2, 2021