Русија е подготвена на преговори од визната либерализација до формирање на енергетски унија, Европа не

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека неговата земја е подготвена да води дијалог со ЕУ за широк круг прашања – од визната либерализација до формирање на енергетски унија. Засега не се забележува спротивната подготвеност од страна на Европа, пренесува РИА Новости.“Русија поаѓа од потребата да се изгради партнерски дијалог со ЕУ за најширокиот спектар прашања – од визната либерализација до формирање на енергетски унија.Но таа готовност кон овој заемно и перспективен пат кај европските колеги ние засега не го гледаме “, изјави рускиот претседател”.