Путин ги отфрли обвинувањата дека е директно вклучен во соборувањето на патничкиот авион МХ17

од Radmila Tasevska
148 прегледи

Обвинувањата на Западот дека рускиот претседател Владимир Путин бил директно вмешан во соборувањето на патничкиот авион МХ17 во источна Украина во 2014 година се лажни, изјави во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.

Тврдењата дека Путин одлучил да го распореди вооружениот систем Бук во регионот Донбас во источна Украина немаат основа, рече тој.

Сите 298 лица во авионот, кој беше соборен на спорна територија во Украина во јули 2014 година, загинаа.

Меѓународен тим на истражители во Холандија во средата соопшти дека пресретнати телефонски повици укажуваат на активната улога на Путин во соборувањето на авионот.

„Русија на ниту еден начин не учествуваше во истрагата. Соодветно на тоа, не можеме да ги прифатиме резултатите, особено што не беа дадени причини за такви изјави“, рече Песков.

Но, Русија, според истрагата, одбила да соработува.

Иако истражителите немаат директни докази дека Путин се согласил да го собори авионот, постоеле „силни индикации“ дека Путин одлучил да им ја обезбеди на проруските сепаратисти противвоздушната ракета Бук што го собори авионот.

Русија упорно негира каква било вмешаност во соборувањето на авионот на Боинг Малезија ерлајнс.

Бидејќи повеќето од жртвите биле од Холандија, истрагата била спроведена таму.

Главниот обвинител Андриј Костин во средата изјави дека Украина ќе ги искористи сите меѓународни правни механизми за да се обиде да го изведе Путин пред лицето на правдата за соборувањето на авионот на Малезија ерлајнс.

Обвинителите во средата соопштија дека не можат да ги идентификуваат конкретните војници одговорни за испукувањето на проектилите што го соборија авионот, пренесува Јутарњи лист.

Слични содржини