Путин ги повикува страните во конфликтот веднаш да го прекинат огнот и да покажат воздржаност
Претседателот на Русија Владимир Путин е длабоко загрижен од извештаите за обновување на воените дејствија во линијата на контакт во Нагорно Карабах, изјави Прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претседателот Путин ги повикува страните во конфликтот веднаш да го прекинат огнот и да покажат воздржаност, се вели во соопштението на Песков, цитирано од агенциите. Како што претходно информиравме порака на сајтот на Министерството за одбрана на непризнатата Нагорно-Карабахска Република (НКР) соопшти дека започнале посамоуверена акција во неколку насоки во зоната на Нагорно-карабахскиот конфликт. Активностите почнаа во текот на ноќта на 2 април од вооружените сили на Азербејџан. Според информациите азербејџанската страна користела артилерија, блиндирана техника и авијација во линијата на контакт во неколку насоки. Ерменските вооружени сили оттргнале азербејџанси делови и симнале хеликопер на ВВС на Азербејџан. Ерменијаги потврди податоците за офанзива на Азербејџан на границата на Нагорно-Карабах. Во декларациите министерствата за одбрана на земјите во Нагорно-карабахскиот конфликт – Ерменија и Азербејџан – меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето во линијата на допир и фрлаат одговорноста за заострување на ситуацијата на спротивната страна.
Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно-Карабах – населена претежно со етнички Ерменци Азербејџански област – се разгоре во почетокот на 90-тите години. Активни борбени дејства во 1991-1994 доведоа до многу жртви и разурнувања, а еден милион жители на регионот станаа бегалци. Во мај 1994, со посредство на Русија и на Меѓупарламентарната собрание на ЗНД беше склучен договор за прекин на огнот