208
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека постои можност рускиот претседател Владимир Путин да ставил во домашен притвор некои од неговите советници, додека Пентагон смета дека Путин бил измамен или погрешно информиран од руското Министерство за одбрана за ситуацијата во Украина.
„Тој (Путин) се чини дека се изолираше и има индикации дека отпуштил или ставил некои од неговите советници во домашен притвор“, изјави денеска Бајден.
Бајден додаде дека нема претерано да ги нагласува таквите тврдења поради недостигот на цврсти докази.
„Степенот до кој Путин е дезинформиран за ситуацијата во Украина останува отворено прашање“, рече Бајден, додавајќи дека има „многу шпекулации“ на оваа тема.